Стефано Пиоли е незадоволен од арбитражата на Марко Ди Бело во четвртфиналето Купот на Италија. Милан синоќа загуби (1:2) како резултат на голот на Аталанта од пенал, досуден за прекршок на дефанзивецот Алехандро Хименез врз играчот од средниот ред Алексеј Миранчук.
– Првото полувреме го одигравме одлично, заслужено го отворивме резултатот, но после тоа одигравме крајно наивно. Требаше да направиме многу подобро дефанзивно кога Аталанта израмни. Но, вистината е дека тоа беше пенал што не се случи што промени сѐ. После тоа ги загубивме главите, се распаднавме и изгубивме контрола над играта. Сега многу се зборува за ВАР, но немаше пенал. Нашиот играч прво играше со топката, а играчот на Аталанта почна да паѓа уште пред контакт. Непријатна вечер. Можевме подобро да одговориме. Го разбирам незадоволството на играчите што загубија по толку добра игра, но имаше уште многу време за враќање. Не ги искористивме создадените шанси, изјави Пиоли за „Sport Mediaset“.
Во полуфиналето Аталанта ќе се соочи со Фиорентина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.