Навивачите на Хајдук од Сплит направија инциденти на „Пољуд“ на натпреварот од 33. коло на хрватскиот шампионат против Вараждин.

Покрај палењето факели и употребата на пиротехнички средства, навивачите на сплитскиот тим ги навредуваа Србите.

„Торцида“ разви срамен транспарент во текот на првото полувреме. –

Под мрачното небо на Хрватска светна Блесокот на слободата – пишуваше на него. Потоа следеше песната: „Дожд врне, Србија паѓа. Ветер дува, Хрватска се шири“ и „Ние Хрватите не пиеме вино, само крвта на книнските четници“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.