Помошникот на тренерот на Интер Мајами, Хавиер Моралес, соопшти дека напаѓачот Лионел Меси почнал со целосни тренинзи.

Меси тренираше изминатите два дена. Секој ден неговата состојба се подобрува, изјави Моралес за „ЕСПН“.

Интер Мајами го навести и учеството на играчот во натпреварот од регуларниот дел од МЛС сезоната против ФК Синсинати објавувајќи фотографија од Меси со натпис „Се гледаме утре“.

На 21 септември, на натпреварот против Торонто, 36-годишниот Аргентинец беше заменет во 37. минута од натпреварот поради повреда. По ова Меси пропушти четири тимски натпревари по ред.

Натпреварот од регуларната сезона во МЛС помеѓу Интер Мајами и Синсинати ќе се одигра на 8 август со почеток во 1:30 часот по македонско време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.