Лионел Меси е снимен зад воланот на својот луксузен теренец во моментот кога поминува на црвено светло на семафор. При правење сообраќаен прекршок бил придружуван од полиција со запалени ротирачки светла, но за малку ќе се судрил со друго возило.
Се се случи во Форт Лодердејл, на 45-ина километри од Мајами, за чиј тим од МЛС Меси следната сезона ќе настапува.
На снимката на социјалните мрежи се гледа како Меси се приближува до семафорите кога навивач му пришол на автомобилот за да го сними. Меси придружуван од полициска придружба продолжил да вози, а потоа поминал на црвено светло и влегол на раскрсница.
Во таа прилика можеше да дојде до судир, велат на социјалните мрежи, бидејќи по патот до кој се приклучил Меси доаѓал друг автомобил. Сепак, несреќата била избегната.
Извор: Спортм.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.