Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси треба да настапи против својот клуб од детството Невил Олд Бојс, кој прифати да одигра претсезонски пријателски натпревар против Интер Мајами во февруари идната година.
Американскиот прволигаш Интер Мајами, во кој Меси дојде во јули од француски ПСЖ, објави на социјалните мрежи дека на 15 февруари на својот стадион „DRV PNK“ ќе му биде домаќин на аргентински Невил Олд Бојс.
Невил Олд Бојс доаѓа од аргентинскиот град Росарио каде Меси е роден, мина дел од детството и почна на тренира фудбал пред да му се приклучи на шпанскиот гигант Барселона на возраст од 13 години.
Тренерот на Интер, Тата Мартино, исто така е од Росарио, и настапуваше за Невил Олд Бојс во кој подоцна се врати и како тренер од 2012 до 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.