Капитенот на француската репрезентација, Килијан Мбапе стана мнозински акционер во францускиот фудбалски клуб Каен за нешто помалку од 20 милиони евра, објави весникот „Паризиен“.
На тој начин, 25-годишниот Мбапе стана еден од најмладите сопственици на фудбалски клуб во Европа. Тој е косопственик на клубот од Нормандија со претседателот на Надзорниот одбор Пјер-Антоан Каптон, кој го поседува преостанатиот удел. Мбапе купи и дел од долговите на Каен за клубот да нема проблем со финансиските власти во Франција. Каен минатата сезона ја заврши на шестото место во поредокот во Лига 2.
Ова е клубот каде Мбапе за малку не потпиша на 13-годишна возраст, кога го одбра Монако за прв свој клуб.
Килијан Мбапе играше седум години во Пари Сен Жермен и стана стрелец број 1 во историјата на клубот со 256 гола. По завршувањето на сезоната, францускиот напаѓач се пресели во Реал Мадрид, со кого ќе започне со тренинзи на 7 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.