Напаѓачот на ПСЖ и француски репрезентативец Килијан Мбапе рече дека посакува да има фудбалска кариера како Португалецот Кристијано Роналдо, пренесуваат француските медиуми.
Мбапе во моментов со Лионел Меси го дели водечкото место според бројот на постигнати голови на СП во Катар со пет голови, а француските медиуми наведуваат дека Мбапе ќе биде прогласен за најдобар фудбалер на Мундијалот доколку Франција ја одбрани светската титула.
Одговарајќи на прашање дали мисли дека ќе има кариера како Аргентинецот Лионел Меси, напаѓачот на ПСЖ рече дека тоа за него е недостижно.
Сакам да имам кариера како Роналдо, бидејќи е невозможно да го имитирам Меси. За мене е доцна да изградам кариера како Меси“, изјави Мбапе.
Тој вечерва ќе ја предводи Франција против Мароко во второто полуфинале на Мундијалот 2022.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.