Новата ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе денеска го имаше првиот тренинг со својот нов клуб.
„Ден 1. Хала Мадрид!“, напиша францускиот напаѓач на платформата Икс илустрирајќи ја објавата со фотографија од својот прв ден од тренингот, посветен на вежбите во салата.
По традиционалните претсезонски лекарски прегледи, играчите одработија вежби во салата на тренинг центарот Сиудад Реал.
Реал Мадрид објави неколку фотографии на кои Мбапе тренира со тегови и се истегнува со новите соиграчи.
Мбапе (25) беше претставен на 16 јули на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ пред 80.000 навивачи на Реал, откако потпиша петгодишен договор со Кралскиот клуб
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.