Килијан Мбапе не се запиша во листата на стрелците во трите воведни кола во шпанската Ла Лига и едвај во четвртиот прволигашки меч во дресот на новиот клуб ја затресе мрежата на ривалот.

И тоа не еднаш, туку дури двапати Французинот беше прецизен во дуелот против Бетис на „Сантијаго Бернабеу“ пред домашните навивачи.

-Ова е момент за кој сонував долго време. Отсекогаш се надевав дека ќе постигнам гол на „Сантијаго Бернабеу“. Тоа е легендарно место и веројатно најдобриот стадион во светот. Се чувствувам посебно поради тоа, но пред се најважно е што успеавме да победиме по ремито со Лас Палмас, изјави Мбапе.

Актуелниот шампион на Шпанија по четири одиграни кола заостанува четири бода зад лидерот Барселона, но оваа информација не го загрижува најголемото засилување на Мадрид оваа сезона.

-Одиграни се само неколку првенствени натпревари, сезоната е долга и не треба многу да се грижите за тоа. Ние сме одличен тим, имаме врвни играчи и како што одминува времето сигурно ќе бидеме се подобри и подобри. За мене, сон е да се биде дел од толку голем клуб и уживам во секој момент и ќе направам се за да помогнам да освојуваме трофеи, изјави Мбапе по мечот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.