Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело беше облеан од емоции за време на прошталната прес-конференција со која 34-годишниот Бразилец го завршува престојот во мадридскиот клуб.

Марсело не можеше да ги задржи солзите додека зборуваше за соиграчите и вработените во Реал Мадрид кои му помогнале во кариерата. Тој нив ги нарече вистинско семејство.

Марсело е најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид со 25 освоени трофеи.

Тој е во Реал Мадрид од 2007 година. Како дел од клубот, петпати ја освои Лигата на шампионите, шестпати стана шампион на Шпанија, пет пати го освои шпанскиот Суперкуп, трипати го освои Суперкупот на УЕФА и двапати Купот на Шпанија, а четири пати го освои и Светското клупско првенство.

Бразилецот одигра 545 настапи за Реал Мадрид, постигнувајќи 38 гола и 103 асистенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.