Тренерот на Челси, Енцо Мареска, го предизвика својот тим да преземе поголема контрола врз натпреварите по возбудливиот, но сепак хаотичен почеток на неговиот мандат.
Саботната победа на домашен терен над Брајтон со 4:2, во која Кол Палмер ги постигна сите четири гола за „сините“ пред паузата, дојде пет недели по сличниот успех над Вулверхемптон, кога Нони Мадуек со „хет-трик“ придонесе за победата од 6:2, иако лондончани на два пати заостануваа во резултатот.
Мареска призна дека тимот на Фабијан Хурцелер, кој постигна два гола благодарение на грешките на голманот Роберт Санчез, го изненади неговиот тим додека се обидуваше да го објасни првото полувреме во западен Лондон, но посочи дека би сакал помалку изненадувања од неговите играчи во иднината.
Против Брајтон бев позадоволен од второто полувреме отколку од првото. Причината што дозволивме некои работи во првото полувреме не е поради играчите, туку затоа што го анализиравме Брајтон и ги очекувавме на два различни начини, начинот на кој играа на почетокот на сезоната. но тие направија сосема поинакви работи против нас. На полувремето го приспособивме начинот на кој притискавме и второто полувреме помина многу подобро. Сигурно би сакале поголема контрола. Но, мора да анализираме дека има уште еден тим кој исто така сака да контролира. Понекогаш тоа не е можно. Но, ние би сакале поголем посед како што направивме против Вест Хем, изјави Мареска на прес-конференција.
Мареска го предводи Челси до четвртото место во Премиер лигата по шест натпревари и со 15 гола е најдобар стрелец во ова натпреварување досега.
Понекогаш не победувате натпревари, а вашата игра била добра и сте заслужиле три бода, на пример против Палас каде што одигравме 1:1. Понекогаш победувате и не го заслужувате тоа, како против Борнмаут. Бодовно сигурно ни оди добро. Во однос на начинот на кој играме, ние сме пред моите очекувања, ни оди многу добро и сме во вистинска насока. Но, имаме многу работи за подобрување, подобро да напаѓаме, подобро да се браниме. Но, чувството е добро, заклучи Мареска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.