Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола го коментираше ремито со Брајтон (1:1) во одложениот натпревар од 32. коло на шампионатот на Англија.

 

Посебен натпревар. Честитки за Брајтон за заслужената промоција во Лига Европа. Натпреварот што го одигравме по само 48 часа откако го испивме целиот алкохол во Манчестер беше добар и покажавме зошто сме шампиони. Не забележав ниту еден пад во нашиот интензитет и идеја. Противникот имаше шанси, ние имавме шанси, ние дадовме гол, тие дадоа гол, изјави Гвардиола за „Би-би-си“.

 

Манчестер сити минатиот викенд ја обезбеди титулата во Премиер лигата. Ремито против Сити му овозможи на Брајтон да се квалификува во Лига Европа за прв пат во историјата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.