Управата на сè уште актуелниот европски шампион и англиски првак, Манчестер сити, се подготвува за заминување на Пеп Гвардиола од клубот.
Информацијата за можна разделба на „граѓаните“ со шпанскиот фудбалски стручњак ја објавија некои англиски медиуми повикувајќи се на инсајдерот, Хорхе Пикон.
Сегашниот договор на 53-тригодишниот Гвардиола е со важност до 2025 година.
Главен кандидат за замена на Гвардиола е Мичел, кој моментално е тренер на Џирона.
Манчестер сити оваа недела беше елиминиран од Реал Мадрид, губејќи на пенали во реваншот од четврт-финалето на Лигата на шампионите. Тимот е лидер на табелата во Премиер лигата.
Гвардиола е тренер на Манчестер сити од 2016 година. Под негово водство тимот одигра 464 натпревари, на кои беа извојувани 342 победи, а 57 натпревари завршија нерешено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.