Англискиот фудбалски шампион Манчестер сити постави клупски рекорд по последователни победи на домашен терен. Избраниците на Пеп Гвардиола синоќа го совладаа Њукасл (1:0) во 2. коло од Премиер лигата.

 

Граѓаните на стадионот „Етихад“ извојуваа 17 последователни победи во сите натпреварувања. За ова време тие постигнаа 55 гола, а примија 7. На 11 натпревари не примија гол.

 

Манчестер сити последен пат не успеа да победи на домашен терен на 31 декември 2022 година, тогаш одигра нерешено 1:1 против Евертон



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.