Манчестер сити е без пораз на домашен терен 50 натпревари по ред. Избраниците на Пеп Гвардиола го совладаа Фулам со 3:2 во натпреварот од 7. коло на Премиер лигата.

По овој триумф, серијата без пораз на „Граѓаните“ на стадионот „Етихад“ трае 50 натпревари. Во текот на оваа серија во сите натпреварувања, тимот победи 41 пат, а девет пати ремизираше.

Последниот пораз на Сити на домашен терен екипата го забележа на 12 ноември 2022 година во натпреварот со Брентфорд (1:2).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.