Англискиот фудбалски прволигаш Манчестер јунајтед забележа рекорден приход во износ од 648.4 милиони фунти во финансиската година која заврши на 30 јуни.

Вкупниот приход пораснал за 11 отсто во однос на претходната година и го надмина претходниот рекорд на лигата кој Јунјатед го постави во 2019 година.

Сепак, како што пренесуваат англиските медиуми, клубот од „Олд Трафорд“ во истиот период е во загуба од 42.1 милиони фунти.

Фондот за плати во Јунјатед опаднал за 52.8 милиони фунти на вкупно 331.4 милиони фунти, што се должи на заминувањето на неколкумина скапи играчи, како и неиграњето во Лигата на шампиони



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.