Расмус Хојлунд, 20-годишниот напаѓач на данската репрезентација и досегашен играч на Аталанта ќе биде нов играч на Манчестер јунајтед.
Не беше во составот на Аталанта на денешниот пријателски натпревар против Борнмут, што беше најава за неговиот трансфер на „Олд Трафорд“.
Сè би можело да се официјализира уште во недела, а трансферот со бонуси е вреден 70 милиони евра. Се очекува Хојлунд да потпише петгодишен договор со „црвените ѓаволи“.
Минатата сезона Хојлунд постигна 16 гола и имаше девет асистенции на 42 одиграни натпревари за Аталанта.
За Данска, по два дебитантски натпревари со по 30 минути, тој почна да постигнува гол во својот трет настап кога постигна хет-трик против Финска. До сега има шест гола на исто толку мечеви за репрезентацијата.
Cristiano Ronaldo to Manchester United: HERE WE GO! Done deal between Juventus and Man United on permanent move. Cristiano has accepted the contract proposal from Manchester United and he’s coming back. 🔴🇵🇹 #MUFC #Ronaldo
Medical to be scheduled soon.
CR7 IS BACK. Here we go. pic.twitter.com/WXfs3p6GFK— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 27, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.