Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг ги сумираше впечатоците од синоќешниот натпревар со Баерн во групната фаза од Лигата на шампионите.
Англискиот тим загуби на домашен терен со 1:0 и е елиминиран од европските купови.
– Јасно е дека не ја загубивме оваа Лига на шампиони со овој пораз. Имавме добри игри, но тоа не е доволно. Против Баерн се играше многу добра од наша страна, не заслуживме да загубиме, но загубивме. Бевме многу добри во дефанзивна организација и пресинг. Баерн има висока индивидуална класа, тие се способни да создадат барем една шанса за гол, што, за жал, се случи, изјави Тен Хаг за „ТНТ Спортс“.
Баерн го зазеде првото место во групата А со 16 бодови, Копенхаген е втор со 8 бодови, Галатасарај трет со 5 бодови, Манчестер јунајтед на последното место со 4 бодови.
Во плејофот од А-групата одат Баерн и Копенхаген, додека Галатасарај продолжува во лига Европа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.