Македонската женска фудбалска репрезентација синоќа претрпи убедлив пораз од Австрија.
Ова беше натпревар од квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство 2023.
Избраничките на селекторот Кирил Изов на гостински терен беа поразени со 10:0.
По првото полувреме Австријките водеа со 4:0, а во вториот дел дадоа уште шест гола. Никол Биља постигна хет-трик.
Изов на овој натпревар настапи со следниот состав: Панчурова, Јошевска, Николовска, Милчевска, Живиќ, Мустафа, Шемсовиќ, Андревска, Андонова, Максути, Рочи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.