Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години со три убедливи порази и без постигнат гол го заврши настапот во квалификациите за Европското првенство 2024, откако попладнево во последниот натпревар од групата А7 во полскиот град Вжешња загуби од Шкотска со 7:0 (3:0).
Избраничките на селекторот Катарина Милеска во воведното кола во силната група загубија од домаќинот Полска со 9:0, а во второто коло беа поразени од Данска со 3:0.
Македонската репрезентација со пласманот на последното место во квалификациската група од новата сезона се сели во пониската Б-дивизија.
Пласман на Европското првенство кое во мај ќе се одржи во Шведска од групата 7 обезбеди Полска, освојувајќи го првото место со максимални девет бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.