Македонскиот голман, Беким Реџепи, со одличниот настап за Партизани Тирана заслужи да се најде во тимот на 25. коло на албанската Суперлига.
Партизани одигра нерешено на гостувањето кај Лачи со 1:1, а 26-годишниот македонски чувар на мрежата беше совладан само со удар од белата точка.
Ова беше дерби на колото во албанскиот фудбал, по кое Партизани е на второто место со 41 бод, само два зад лидерот Тирана, додека лачи е на делба на третата позиција со четири бодови помалку.
Реџепи, кој е роден во Скопје, пред да го носи дресот на Партизани, настапуваше и за Шкендија и за Скендербег од Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.