Македонската фудбалска репрезентација се најде на 68. место на најновата ранг-листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавена денес, прва во 2024 година.
„Црвено-жолтите“ имаат ист број бодови (1362,17) како и на претходното рангирање (декември 2024) кога беа 65-ти, но тие се престигнати од неколку репрезентации кои имаа успешни настапи на Африканскиот куп на нации 2024.
Од противниците на македонските фудбалери во Лигата на нации, Ерменија се наоѓа на 94. место, Фарски Острови се на 135. позиција, додека Летонија е 136-та.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.