Македонската репрезентација во футсал претрпе висок пораз од 9:0 на вториот контролен натпревар против актуелниот светски првак Португалија, одигран во Лисабон.

Дилемите околу победникот беа решени веќе по првиот дел, кој заврши со водство на домаќините од 6:0.

Стрелци на головите беа Фабио Сесиљо (1 минута, 26), Пану (4, 36, Бруно Коељо (9), Мигуел Анхело (11, 12), Зику (18) и Еду (39).

На првиот натпревар одигран во средата, македонската репрезентација загуби од истиот противник со резултат од 3:1.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.