Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Молдавија (22. март, 15:30 часот) и против Црна Гора во турска Анталија (25. март, 18:00 часот).

– Натпреварите против Молдавија и Црна Гора ни се многу важни во подготовките за следните квалификации, со посебен акцент на зајакнување на добрата атмосфера и заедништво. Треба да бидеме подготвени и полни со мотив, иако се работи за пријателски натпревари. На тренинзите и натпреварите треба да влеземе сериозно, одговорно и цврсто. Тоа ќе го барам од сите во тимот. Фокусот ќе биде на тактичките замисли и како треба да изгледаме во Лигата на нации, а тоа значи игра во која ќе бидеме рационални, паметни, агресивни, компактни и фокусирани, изјави Милевски.

На списокот на селекторот за двата меча се наоѓаат следните 28 фудбалери:

ГОЛМАНИ: 

Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија, Дамјан ШИШКОВСКИ – Арарат, Ерменија, Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички, Дејан ИЛИЕВ – Сараево, БиХ

ОДБРАНА: 

Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија, Тодор ТОДОРОВСКИ – Политехника Јаши, Романија, Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија, Јован МАНЕВ – Адана Демирспор, Турција, Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли, Саудиска Арабија, Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати, Русија, Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре, Данска, Стефан АШКОВСКИ – Алашкерт, Ерменија, Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова, Романија , Дарко ВЕЛКОВСКИ – Динамо Букурешт, Романија;

СРЕДЕН РЕД: 

Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција, Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска, Агон ЕЛЕЗИ – Бохум, Германија, Давид БАБУНСКИ – Мезекевешд, Унгарија, Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице, Полска, Давор ЗДРАВКОВСКИ – Медервел, Шкотска, Елиф ЕЛМАС – Лајпциг, Германија;

НАПАД: 

Бојан МИОВСКИ – Абердин, Шкотска, Милан РИСТОВСКИ – Бохемианс 1905, Чешка , Дарко ЧУРЛИНОВ – Шалке 04, Германија , Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук, Хрватска, Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин, Хрватска, Ердон ДАЦИ – Беверен, Белгија, Лирим ЌАМИЛИ – Хвидовре, Данска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.