Фудбалската репрезентација на Македонија ја победи Летонија со 1-0 на Арената „Тодор Проески“ во петтиот натпревар од Лигата на нации. Ова е четвртата победа по ред во Лигата на Нации. Со ова македонските фудбалери го освојуваат првото место во групата и одат во Б дивизијата. Македонија стигна до 13 поени во групата, со единствен нерешен резултат во првото коло на гостувањето кај Фарските Острови.
Двата тима заминаа на полувреме без постигнат гол. Стрелец на единствениот погодок беше Никола Серафимов во 57-та минута. Лирим Ќамили во 82-та минута имаше можност и за втор погодок, но шутираше директно во противничкиот голман. Ова беше исто така и четврт натпревар по ред без примен гол за Столе Димитриевски и Македонија, како и за прв пат во историјата на македонската репрезентација да врзе четири победи со ред.
Во последното коло од ова групата во Лигата на нации, Македонија во недела ќе ја пречека селекцијата на Фарските Острови во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.