Maкедонија синоќа забележа победа против Летонија.Минимална но многу значајна затоа што обезбедивме пласман во Б групата на Лигата на нации и во следното издание ќе играме против многу посилни репрезентации.Ова е голем успех и мора да им се честита на селекторот Милевски и момците.
И покрај превирањата во ФФМ, покажаа како се бори за својата земја и оти може да се надемаме на учество на ново големо натпреварување.
Што понатаму
Пласманот во Б сементот на Лигата на нации е обезбеден и следуваат квалификациите за Светското првенство во 2026 година.Противниците ќе ги дознаеме на 13 декември и она што е познато е дека ќе имаме две силни селекциите а ние сме во третиот шешир.
На СП ќе одат само првопласираните од групите а вторите ќе разигруваат со репрезентациите победници од групите во Лигата на нации. Но, таму нема да се најдат сите победници од групите а дали меѓу нив ќе биде и Македонија никој не може да потврди бидејќи не зависи од нас.Ние своето си го направивме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.