Репрезентацијата на Македонија во фудбал ќе го започне новиот циклус во Лигата на нациите каде за противници во групата ќе ги има Фарските Острови, Ерменија и Летонија. Првиот меч ќе биде во Торшавн на Фарските Острови на 7 септември, додека Ерменија во Скопје доаѓа три дена подоцна. Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за овие натпревари. Првиот повик во репрезентативниот тим го доби Кристијан Трапановски.

Милевски очекува тежок натпревар против Фарските острови. Тој рече дека Македонија треба да ја почитува секоја селекција.

Првиот фудбалски меч е закажан за 7. септември на гости, додека првиот дуел дома е на 10. септември во Скопје против Ерменија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.