Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар меч во Баку, забележувајќи триумф над соодветната селекција на Азербејџан.
Избраниците на селекторот Тони Јакимовски во вториот контролен дуел против Азербејџан славеа минимална победа со 2:1.
На стадионот Далга, во Баку, Македонија прва се закани. Ливарека во 10. минута се најде во одлична можност, биеше со глава, но над противничкиот гол. Во 40. минута, одличен продор на Николовски, противникот во последен момент успеа да го изблокира неговиот удар.
На стартот на второто полувреме, Азербејџан поведе со 1:0. Во 52. минута, нов удар со глава и нова можност за Ливарека, но повторно без реализација. Уште една добра прилика Македонија имаше преку Серафимов во 68. минута.
Во 78. минута, нашите млади фудбалери сосема заслужено го израмнија резултатот. По одлично изведениот корнер на Ѓоргиевски, Стојилевски се најде на вистинското место, прецизно со глава биеше за 1:1. Во 86. минута, Македонија прави комплетен пресврт, благодарение на евроголот кој беше дело на Цаноски.
Македонија: Љупче Џеков, Давор Серафимов, Марко Стојилевски, Ѓорѓи Џеков, Адриан Зенделовски, Теодор Николовски, Лорик Мухтари, Фикрет Ливарека, Никола Величковски, Абиола Бамијоко, Дино Михолов
Селектор: Тони Јакимовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.