Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез (35) и официјално е нов член на славниот бразилски фудбалски клуб, Гремио.

Суарез во редовите на бразилскиот клуб доаѓа без обесштетување, потпишувајќи договор до крајот на 2024 година.

Еден од најдобрите светски напаѓачи е најново засилување на Гремио“, објави двократниот бразилски (1981, 1996) и трократен јужноамерикански (1983, 1995, 2017) шампион.

Суарез кариерата ја почна на 13-годишна возраст во Национал од Монтевидео, а во 2005 година се пресели во Европа и настапуваше за Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.

Кон средината на 2022 година се врати во Национал и му помогна на матичниот клуб да ја освои титулата во Уругвај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.