Моментално двајцата најдобри играчи Лионел Меси и Кристијано Роналдо се ривали веќе 15 години.

Двајцата играчи речиси две децении се на врвот во светскиот фудбал, а сега играат на различни страни.

Меси со успех го носи дресот на ПСЖ, додека Роналдо се пресели во Ал Наср, потпишувајќи богат договор.

И додека Ал Наср се подготвува за дочек на Португалецот, ривалот на овој тим Ал Хилал почна да продава дресови од Лионел Меси со број 10. Овој клуб се надева дека ќе успее да го примами Аргентинецот да дојде во тој клуб.

извор: Екипа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.