Поради финалето во УЕФА Лига Европа меѓу Ајнтрахт и Глазгов Ренџерс на 18 мај во Севиља, матичната служба во германскиот град Франкфурт ги откажа сите девет свадби кои беа закажани за следниот ден.
Матичната служба е лоцирана во зградата на Градското собрание пред која за 19 мај е најавена голема прослава во случај фудбалерите на Ајнтрахт до го освојат трофејот во Лига Европа.
– Со десетина илјади многу емотивни фудбалски навивачи непосредно пред салата за свадби нема да можеме на нашите младенци да им понудиме достоинствено опкружување какво што со право очекуваат, изјави за германските медиуми заменикот раководител на матичната служба во Франкфурт, Наташа Кек.
– Оваа одлука не беше лесно да се донесе. Меѓутоа, свадбената церемонија за луѓето е важен настан во животот. На тој ден сè би требало да биде совршено, бидејќи го паметат цел живот, додаде таа.
Од Ајнтрахт порачаа дека прослава пред Градското собрание ќе има само доколку триумфираат во Лига Европа и оти нема да ја повторат грешката кога клубот организираше навивачки собир по поразот во финалето од Германскиот куп во 2017 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.