Откако Хрватска го освои третото место на Светското првенство во Катар, сао победата против Мароко со 2:1, хрватскиот стопер Дејан Ловрен, предизвика скандал во новинарската микс зона, каде што навреди неколку припадници на седмата сила, пренесува „Јутарњи“.
Ловрен претходно помина покрај насобраните новинари кои побараа изјава од него, на што тој одговори:
Сега Лука Модриќ ќе ви даде изјава“.
Откако Ловрен помина, новинарот од Слободна Далмација, Фране Вулас се насмеа. Кога го слушна тоа, Ловрен се врати и го почна своето „шоу“.
Кој се смее?! Каков начин е ова, ти си против, ти се смееш, ни се потсмеваш. Не си среќен поради ова. Не, не си горд. Ти си еден од ретките кои нè плукаа од почеток и не веруваа!“, извика тој.
Кога новинарот му кажа дека не е баш така, Ловрен продолжи:
Сега се потсмеваш, смрдеж еден! Ти и оваа госпоѓа“.
Присутните новинари се обидоа да го смират.
Ти велам, не се однесувај така, нема смисла да кажуваш такви зборови пред 30 луѓе…“, му порачаа на Ловрен
На тоа, фудбалерот одговори:
Па, кога тоа е вистината“
По таквата расправија, пред новинарите излезе и портпаролот на ХНС Томислав Пачак, кој им се извини за однесувањето на Ловрен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.