Три победи на гостинските екипи и еден нерешен резултат е епилогот по четирите денешни натпревари од 2.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Академија Пандев му нанесе тежок пораз на Работнички, додека Струга и Тиквеш со по само еден постигнат гол запишаа по три бода на своето салдо.
Единстевното реми се случи на натпреварот меѓу Шкендија и Силекс, кои одиграа 1:1.
Резултати на неделните средби од ПМФЛ:
Брегалница – Струга 0:1
Победа – Тиквеш 0:1
Работнички – Академија Пандев 0:5
Шкендија – Силекс 1:1.
Вчера, Шкупи – Македонија ЃП 2:1
Слободна беше екипата на Скопје.
Струга е лидер на табелата со максимални шест бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.