Хулен Лопетеги во блиска иднина ќе го преземе тренерското место Вест Хем.
Шпанскиот фудбалски стручњак ќе стане нов селектор на лондонскиот тим. Двете страни постигнаа целосен договор. Официјално соопштение за назначувањето на Лопетеги се очекува оваа недела, објавија британските медиуми.
Вчерашниот меч со Манчестер сити (1:3) беше последен за Дејвид Мојс на чело на „чеканите“. Шкотланѓанецот го водеше тимот од 2019 година.
Вест Хем ја заврши сезоната 2023/24 во Премиер лигата на 9. место на табелата со 52 бода
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.