Организаторите на Светското првенство за фудбалерки соопштија денеска дека досега се продадени околу 650.000 влезници за натпреварите кои ќе се играат ова лето од 20 јули до 20 август во Австралија и Нов Зеланд.

До почетокот на женскиот Мундијал остануваат уште 100 денови, а организаторите наведоа дека се на добар пат да продадат 1.5 милиони билети.

– Нашата мисија е оваа година да го организира најголемото и најдоброто Светско првенство во историјата, изјави генералната секретарка на ФИФА, Фатма Самура.

Во ФИФА изразија надеж дека над 100.000 навивачи ќе ги следат двата воведни натпревари на првиот ден од Мундијалот, кога ќе играат Нов Зеланд – Норвешка, на стадион со капацитет од 50.000 седишта во Оукленд, и Австралија – Република Ирска, во Сиднеј на стадион со капацитет од 83.500 седишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.