Гранит Џака и Џердан Шаќири доаѓаат во Србија! Тие во сабота на 25 март на стадионот „Караѓорѓе“ во Нови Сад ќе играат против Белорусија во рамките на квалификациите за Европското првенство.
Поради санкциите на УЕФА, Белорусите избраа своите натпревари да ги играат во Србија, во Нови Сад, пред празни трибини. Но,навивачите нема да можат да бидат присутни на натпреварот.
Натпреварот со одлука на УЕФА њ затворен за целата јавност, па дури и акредитација за новинари не е можна. Полицијата ќе биде околу стадионот и ќе спречи секаков собир во близина на објектот „Караѓорѓе“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.