Лионел Меси сака да го напушти Пари Сен Жермен.Општ хаос владее во редовите на францускиот тим по болната елиминација на стартот од нокаут фазата.
Навивачите се бесни, атмосферата во соблекувалната е очајна и многу ѕвезди сакаат да го напуштат клубот.
Лионел Меси во неделата го доживеа најголемото понижување во кариерата, неговите обожаватели му свиреа секој пат кога ќе ја примеше топката.
Аргентинецот е несреќен и сака да го напушти Париз.
Шпанскиот новинар Жерар Морено тврди дека прославениот ас сака да се врати во Барселона.
„Таткото Лео Меси, исто така негов агент, пред неколку дена контактирал со управата на Барселона за да преговара за неговото враќање“, тврди Ромеро.
Меси сезонава на 26 натпревари постигна само седум гола, а натпреварувањето во Лигата на шампионите го заврши на стартот од нокаут фазата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.