Престижниот француски спортски весник „Л‘Екип“, пишува дека напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, има само две опции за продолжување на кариерата – да остане во клубот од „Олд Трафорд“ или да премине во редовите на Атлетико Мадрид.
Роналдо бара да замине од Манчестер јунајтед, затоа што по секоја цена сака да игра во Лигата на шампиони, а „црените ѓаволи“ во новата сезона ќе настапува во Лига Европа.
Менаџерот на португалскиот репрезентативец, Хорхе Мендеш, претходно им го понуди Роналдо на Баерн Минхен, Челзи и Интер, но овие клубови се откажаа од трансфер.
Францускиот весник наведува дека Мендеш сега е во преговори со мадридски Атлетико, додавајќи оти доколку искусниот менаџер не успее да му најде на Роналдо клуб со кој ќе може да игра во Лигата на шампиони, тоа ќе го смета за личен неуспех.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.