Селекторот на репрезентацијата на Холандија, Роналд Куман, по поразот од Англија (1:2) во полуфиналниот натпревар од ЕП 2024, истакна дека неговата репрезентација има голем потенцијал.

– Уверен сум во иднината. Овој тим е способен за повеќе, а ние имаме повеќе играчи кои можат да го засилат тимот. Работевме добро заедно, се собравме и бевме блиску до финалето. Горд сум на овој тим, изјави Куман за сајтот на УЕФА.

Англија во финалето на ЕП 2024 ќе игра против Шпанија. Натпреварот ќе се одигра на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.