Фудбалерот на Тотенхем, Дејан Кулушевски пред медиумите зборуваше за периодот поминат во Јувентус.

Почетокот на неговата кариера во „старата дама“ не беше лош за шведскиот репрезентативец. Под водство на Андреа Пирло, тој постигна седум гола и имаше исто толку асистенции.

Проблемите почнуваат од 2021 година, кога „црно-белите“ го враќаат Алегри на клупата.

Едвај почнав натпревар во Јувентус во тие шест месеци. Се чувствував ужасно, бидејќи го давам животот за оваа игра, тренирам напорно, а на крајот гледам други играчи кои играат на мојата позиција, кои не се ни крила. Искрено, се чувствував засрамено и безвредно, рече Кулушевски.

Во јануари 2022 година се пресели во Тотенхем, за кого одигра 84 натпревари во сите натпреварувања и постигна 13 гола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.