Легендарниот играч за врска Тони Крос се плаши да ја пушти својата ќерка сама навечер во Германија, па и по пензионирањето ќе продолжи да живее на Пиринејскиот Полуостров…

– Германија повеќе не е земјата како што беше пред 10 години поради масовните миграции. Прашањето за масовната миграција стана премногу неконтролирано. Проблеми има насекаде. Премногу е гужва, премногу е. Некои имигранти се добри луѓе, но ако не можете да ги разликувате од оние кои не се добри за нас, ќе биде тешко на крајот. Тогаш односот на Германците ќе станува се повеќе поделен-вели Крос.

Тој додаде дека и по кариерата ќе продолжи да живее во Шпанија со семејството, бидејќи не ја смета Германија за истата земја како кога си замина пред 10 години. Исто така, како една од причините навел дека во Германија се плаши да ја пушти ќерка си да излезе сама навечер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.