Колумбискиот фудбалер, Гиљермо Денис Белтран, почина на 24-годишна возраст, за време на тренинг на неговиот клуб Реал Санта Круз од Боливија.
Клубот соопшти дека Белтран починал од респираторна инсуфициенција, а неговите соиграчи велат дека почувствувал мачнина и набргу потоа паднал на земја. Клупските лекари повикале брза помош, која се обидела да го реанимира, но безуспешно.
Тренираше како и обично, а потоа колабираше. Се обидоа да го реанимираат, но тој почина додека беше префрлен во болница“, изјави менаџерот на Санта Круз, Адолфо Сорија Галваро.
Претседателот на Фудбалската федерација на Боливија, Фернандо Коста изрази сочувство до семејството и рече дека ќе го поддржи клубот и семејството на Белтран. Тој додаде дека ќе се спроведе истрага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.