Промоцијата на Лионел Меси во Интер од Мајами предизвика големо внимание ширум светот, особено во МЛС лигата, чии навивачи со воодушевување го гледаат Аргентинецот во живо!

Меси на презентацијата се појави во друштво на своето семејство, тука беа и сите водечки луѓе на Интер, меѓу кои и Дејвид Бекам, како и атрактивната русокоса Кејлин Кајл, која го „украде шоуто“ за време на церемонијата.

Станува збор за екс канадска фудбалерка кој моментално работи како новинар во Интер и кој, судејќи по фотографиите и видеата, оставил впечаток кај Меси.

Кејлин има 40 години и во 2012 година го освои златото со канадската репрезентација на Олимписките игри во 2012 година, а во брак е со поранешниот фудбалер Харисон Хит, со кој има две деца.

Со оглед на тоа што добро го познава и фудбалот, а има и атрактивен изглед, нема дилема дека Интер го направи вистинскиот потег кога еднаш ја ангажираше да работи како водителка во клубот.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.