Екипите на Реал Мадрид и на Наполи се пред пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако вечерва во првите натпревари од осминафиналето забележаа гостински победа.

Реал славеше против Ливерпул со 5:2, иако домаќините во 14. минута водеа со 2:0. Головите за Ливерпул ги постигнаа Дарвин Нуњез и Мохамед Салах, за „Кралевите“ Винисису Жуниор и Карим Бензема постигнаа по два гола, еднаш погоди Едер Милитао.

Наполи исто така победи на гости против Ајнтрахт Франкфурт (2:0). Стрелци на погодоците беа Осимен и Ди Лоренцо.

Реваншите ќе се играат на 15 март во Мадрид и во Неапол



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.