Манчестер сити и Челзи одиграа нерешено 4:4 вечерва во дербито на 12. коло од англискиот фудбалски шампионат.

За гостите од Манчестер Ерлинг Халанд го отвори резултатот во 25. минута, реализирајќи пенал. По четири минути лондонци израмнија преку Тијаго Силва. Рахим Стерлинг ги доведе „сините“ во предност во 37. минута, но Мануел Аканџи израмни во 45. минута.

Во вториот дел Халанд погоди уште еднаш (47. Минута). Николас Џексон повторно израмни 20 минути подоцна. Во 86. минута Родри ги доведе гостите во предност, но во 90+5. минута играчот од средниот ред на Челзи Кол Палмер го постигна четвртиот гол за својот тим од пенал и го спаси од пораз.

Манчестер сити го задржа водството на табелата во Премиер лигата со 28 бодови. Челзи (16) се искачи на 10. место.

Граѓаните на 25 ноември ќе играат против Ливерпул во 13. Коло. Истиот ден Челзи ќе се сретне со Њукасл



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.