Кевин де Брујн од Манчестер Сити и Мохамед Салах од Ливерпул се меѓу осумте номинирани за наградата за најдобар играч во Премиер лигата.
Сити и Ливерпул имаат двајца номинирани играчи, меѓу кои се Жоао Кансело и Трент Александар-Арнолд. Листата ја комплетираат крилото на Вест Хем, Џерод Бовен, напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака, напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг Мин и капитенот на Саутемптон, Џејмс Вард Проуз.
Египетецот Салах е водечки во трката за Златната копачка со 22 гола, додека, Де Брујн има 15 гола и седум асистенции оваа сезона. Двајцата играчи беа во потесниот круг минатата сезона, а наградата ја освои дефанзивецот на Сити, Рубен Диас.
Победникот се одлучува со гласање на веб-страницата на Премиер лигата, во комбинација гласовите од 20 капитени на клубовите од Премиер лигата и панелот од фудбалски експерти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.