Поранешната фудбалска легенда на Шкендија и тренер кој на клубот во 2011 година му ја донесе првата шампионска титула, Ќатип Османи, се врати на клупата на тетовскиот прволигаш.
Како што официјално соопштија од клубот, Османи (53), ќе ја предводи Шкендија веќе на утрешниот натпревар против актуелниот шампион Шкупи во рамки на 8. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Тренерското место во Шкендија остана празно по оставката на Артим Шаќири.
Шкендија во моментов е третопласирана на табелата со 11 бодови, десет помалку од лидерот Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.