Македонскиот женски фудбалски првак ЖФК Љуботен попладнево со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион ги дозна противниците во воведното квалификациско коло од новата сезона во Лигата на шампиони.
Жрепката го смести македонскиот првак во групата 5 и во полуфиналето ќе игра против шампионот на Исланд, Валур.
Победникот од овој дуел во финалето за противник ќе го има поуспешниот тим од втората полуфинална двојка која ја сочинуваат холандски Твенте и велшки Кардиф.
Воведните натпреварите ќе се играат на 4 септември, а дуелите за првото и третото место на 7 септември.
Само првопласираната екипа од групата 5 ќе го продолжи настапот во второто квалификациско коло во женската Лига на шампиони. ег ФОТО: ЖФК Љуботен/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.