Уругвајскиот фудбалер Единсон Кавани ќе игра за Валенсија. Шпанскиот клуб објави склучување на договор со Уругваецот до летото 2024 година.

Триесет и петгодишниот напаѓач дојде во тимот како слободен играч по заминувањето од Манчестер јунајтед.

Минатата сезона Кавани постигна два гола на 15 натпревари во англиската Премиер лигата.

Валенсија синоќа загуби на домашен терен од Атлетико Мадрид со 1:0. По три кола во шпанската Ла Лига, тимот предводен од Џенаро Гатузо има два пораза и една победа и се наоѓа на 14.место.

Со доаѓањето на Кавани, навивачите на Валенсија очекуваат поголема ефикасност и подобри резултати на тимот кој во минатото имаше значајна улога во домашните натпреварување и во еврокуповите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.