Катарскиот тим Ал-Сад му понуди договор на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ.
Новинарот на Марка, Рамон Алварез де Мон, пренесува дека на Хрватот му е понуден двегодишен договор со плата од 80 милиони евра, а уште 20 милиони ќе бидат исплатени како бонуси.
Друг новинар, Ромине Молина, известува дека понудата на Ал-Сад е забележителна затоа што содржи клаузула Модриќ да ја преземе тренерската функција веднаш по завршувањето на неговата играчка кариера.
Претходно медиумите објавија дека Хрватот потпишал нов договор со Реал Мадрид со важност до 1 јули 2024 година.
Оваа сезона Модриќ забележа 51 настап во сите натпреварувања и постигна шест гола и исто толку асистенции
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.